| четврток, 6 декември 2018 |

После 28 години ја пронашол Милена:Мислеа дека никогаш нема да ја прифатам сестра ми Србинка, но се излажаа

Просечниот Балканец во својот бурен животен век има голема шанса и можност да биде дел од една војна, разорување, криза, превирања на национализам, нетрпеливост, етнички поделби, сегрегација и останати егзотични социјални сосотојби.

Така Рожаец Елдар Нурковиќ ја почнал својата необична приказна за потрагата по сестра му која ја запознал по 28 години.

-Во таа рашенолика таписерија направен сум и јас и мојот живот како и животот на многумина овде беше се, само не едноставен.Производ сум на успешни родители од југословенската средна класа, од татко професор на економски факултет и мајка доктор по медицина. Имав светла иднина, но превртливата судбина ги вмеша своите прсти и ги закомпликува работите- рекол Елдар, познат сараевски фотограф.

-Татко ми имаше наизглед совршен живот и карирера, беше голем филантроп, помагаше на луѓето, но нешто мораше да тргне по лошо. Не ги ни почувствува триесетите години, а веќе беше болен од карцином на синуси кои метастазираше- продолжил Елдер.

Неговиот татко Черим, пред бракот со неговата мајка долго време бил во врска со жена од друга вера, која нејзините родители кои не ја подржувале. Дури и се заканиле дека ќе се откажат од неа, ако се омажи за Черим.

-Била тоа забранета љубов. По моите сознанија, некаде пред неговата смрт, додека бил во брак со мојата мајка, се појавила таа жена дознавајќи за неговата тешка состојба и ја довела мојата сестра велејќи дека не бара ништо и дека само сака да му каже дека има уште едно дете пред да го напушти овој свет- рекол Елдар.

-Со 18 години дознав дека имам полусестра и нејзиното име и презиме и да ја барам, ако сакам. А сакав и почнав да ја барам. Кога конечно ја дознав адресата дознав дека поради војната отишла во Србија или некаде подалеку. Повторно бев на почеток. Сето време размислував како би било да ја најдам, да ја пополнам празнината во животот после сите губитоци-додал Елдар.

Потоа дојде време на социјалните мрежи и три години барање по Фејсбук.Во еден момент нејзиното име ми даде пет резултати. На сите им пратив порака:Здраво, се викам Елдар Нурковиќ, живеам во Сараево и постои можност да сум твој брат.

Добивав негативни резулатаи, еден по друг. Сестра ми последна ми одговори.Мајка и мислела дека не треба да ме запознае, дека нема да ја прифатам, но се излажа-рекол Елдар кој сега е неразделен од својата сестра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top