Пред илјадниците граѓани собрани на плоштад „Македонија“ денеска се обрати и сопственикот на Ракометниот клуб Вардар, Сергеј Самсоненко. Тој со насолзени очи кажа дека е горд на играчите, дека е горд што Македонија има народ од кој зрачи посебна енергија. Таа енергија, изјави тој, ја почуствувале и играчите, ја пренеле на терен. Самсоненко изјави дека радоста да се видат насобрани граѓани од самиот аеродром до плоштад е едно посебно чувство.
-Поради вас срцето ми чука надвор од телото, длабок поклон до македонскиот народ, вие сте наше сè – рече Сергеј Самсоненко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.