| четврток, 6 декември 2018 |

Заев започна со уривање, прва на ред оградата на Владата

Уште еден деструктивен почеток на животот во Македонија. Уште една закана од низата човекојадни закани ќе биде остварена – „Ќе ја урнеме оградата“, се закануваше Заев пред две години кога беше поставена заштитната ограда околу зградата на Владата на РМ, а денеска тоа и ќе го спроведе на дело.

Заев има намера да ја урне оградата од ковано железо со која е обиколена владината зграда, објави „Телма“, а можно е уривањето на оградата да биде ставено уште на денешниот дневен ред на собраниската седница. Целта на овој чекор, како што пренесуваат медиумите под контрола на Сорос, е да се отворела владата кон граѓаните иако Владата се заградува со нетранспарентно работење, а се отвора пред граѓаните со проекти. За жал, засега на повидок немаме проекти.

Деструктивниот налет на закани на социјалдемократите е резултат на уривачката матрица по која функционира – пред пет години идеологот Фрчкоски заигран со француски клуч правеше список за отстрел на спомениците од проектот „Скопје 2014“. Тогаш медиумите го нарекоа неговиот проект „Операција француски клуч“.

„Уметничкиот холокауст “Скопје 2014” почнува да се деконструира со радост за тоа достојна, имено прво со собирање на грозморните скулптури од новата зграда на МНР и Мостот на уметностите сосе четирите од Триумфалната порта. Тие како пранги не можат да бидат третирани никако поинаку, освен како суровина за вистинска уметност. Значи тие нема да се уништуваат или фрлаат, туку ќе се третираат како основа за концептуален уметнички чин. Операцијата ќе ја изведува полетна уметничка младина и ентузијазирани граѓани, организирани по принципот на вмровски тројки (од 19 век): три групи со француски клучеви во рака, со нив оди една група со шмиргл-шајбна и една тројка со апарат за заварување“, напиша Фрчкоски во колумна во „Фокус“.

На неговите идеи реагираа од здруженија на историчари и бранителите од 2001 година. Историчарите му подарија и француски клуч на Фрчковски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top