| четврток, 6 декември 2018 |

Миркуловски на трибините во Келн: Очекувам подобар натпревар од вчера и нормално една македонска екипа да ја освои титулата во лигата на шампионите!

Денеска на натпреварот Вардар против ПСЖ ќе се одлучи која екипа ќе го подигне торфејот на крај на натпреварот и тоа Келн го прави центар на светот. Таму е и Филип Миркуловски, македонскиот репрезентативец кој оваа сезона настапува во Бундеслигата во дресот на Вецлар, а во Келн е заедно со своите пријатели и клупски колеги.

-Навивав за Вардар, посакував да оди во финале, нормално во Барселона играат мои репрезентативни колеги, но нормално е да навивам за македонски тим.-вели централниот бек на македонската репрезентација, за порталот „24 ракомет“. Вардар одигра одличен натпревар вчера, Циндриќ и Штербик беа најдобри на теренот, очекувам подобар партија од Вардар денес, вчера малку како да влегоа со грч, нормално бидејќи го играа првиот натпревар  на Фајнл Фор. Очекувам подобар натпревар од вчера и нормално една македонска екипа да ја освои титулата во лигата на шампионите, вели Миркуловски.

 

фото: 24 ракомет

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top