| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДСМ е антиреформска

Според партијата, додека народот ги очекува ветуваните поголеми плати, пензии, просечната плата од 30.000 денари, СДСМ се обидува да дефокусира со скапо платена, деструктивна и лажна црна пропаганда против ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ смета дека СДСМ ја интересираат само популистички мерки, а не проекти кои даваат резултати на долг рок. Поради тоа, како што оценува во денешното соопштение, рокот на оваа Влада нема да е долг.

– Оваа Влада не е реформска, туку антиреформска. Анти-реформската влада на СДС наместо да се насочи кон зголемување на платите, пензиите и растот на економијата, мандатот го почна со укинување проекти и најава за блокирање на се што е во тек. Предлогот за набавка на земјоделската механизација ќе се намали од сегашните почетни 50 на почетни 30 отсто. Вакви мерки не водат кон подобар живот како што тие ветуваа, наведува ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, додека народот ги очекува ветуваните поголеми плати, пензии, просечната плата од 30.000 денари, СДСМ се обидува да дефокусира со скапо платена, деструктивна и лажна црна пропаганда против ВМРО-ДПМНЕ.

– Владата на СДС и аболицираниот криминалец Зоран Заев ветуваа дека ќе ги вратат младите во Македонија и дека ќе тече „мед и млеко“. Во текот на кампањата им ветуваа на лекарите дека ќе земаат 100.000 денари, а сега велат дека тоа им е цел која би се остварила до крајот на мандатот. Атентатот, пак, што се случи врз Никола Тодоров е директна последица на хистеричната и неаргументирана хајка што СДС и невладините организации финансирани од Сорос ја реализираат неколку години. СДС има одговорност и тоа не може да го сокрие преку лажни реакции и изјави, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top