Џиџи Буфон повторно остана без толку посакуваната титула во Лигата на шампионите, а против Реал Мадрид можеби немаше многу интервенции, но прими четири гола за тежок пораз во финалето во Кардиф.
По натпреварот, капитенот на Јувентус можеше само да го констатира разочарувањето.
– Навистина големо разочарување, пред се бидејќи мислевме дека направивме се што е потребно да победиме. Одигравме одлично прво полувреме, му создадовме многу проблеми на Реал, но сите одлучувачки ситуации завршија во нивна корист.
– Во второто полувреме се покажа нивната класа, квалитет и знаењето како се добиваат вакви натпревари, заслужија да победат, – истакнал Буфон кој загуби три финалиња во Лигата на шампионите со Јувентус.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Хаос на трибините во Атина, Тадиќ го однесе Ајакс во осминафиналето (Видео)
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)