Ние кога дојдовме во Владата просечната плата беше 190 евра, или приближно 11 илјади и 700, сега кога си заминавме просечната плата е 23 илјади и 700, речиси двојно и од прилика 90 проценти поголема од тоа што го наследивме, но тоа не се направи со ниту еден друг начин освен со привлекување на инвестиции, изјави Никола Груевски во вестите на телевизија Алфа.
-За да ги привлечете тие инвестиции потребно е да создадете добра бизнис клима, ниски даноци, квалитет на работна сила, со добро развиена мрежа на промотори, а тоа е една крупна акција која прво ќе го намалат процентот на невработеност, како што ние од 38 на 23 проценти го направивме, односно отворивме 172 илјади работни места, од кои што 30 илјади се во странските компании, а останатите во домашните затоа што климата која што ја направивме беа за сите, не беа само за странските инвестиции, вели Груевски.
Тој истакна и дека платите растат само преку реални домашни и странски инвестиции.
-Не гледам политики со кои што ќе го направат тоа, гледам политики со кои што ќе ги зголемат даноците, тоа се луѓето кои земаат високи плати, се зпоменува данокот на имот, придонесите, а тоа нема да ги воодушеви инвеститорите. Укинувањето на радио дифузната такса нема никаква врска со бројот на инвестиции, јас мислев дека првата изјава на Заев ќе биде поврзана со инвестиции, отворање на нови работни места, покачување на плати, пензии, субвенции за земјоделците, а првата негова изјава е да си дал оставка обвинителот, многу непријатно за човек за кој што тоа обвинителство води постапка и тој човек е во обвинение, потенцираше Груевски.
Тој рече и дека нему му било непријатно да дојде на функцијата премиер и првата изјава да му била за оставка на обвинителот кој води постапка против него.
-Народот чека субвенции, поголеми плати, пензии, просечна плата од 30 илјади денари, вели Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.