| четврток, 6 декември 2018 |

По девет спонтани абортуси, нејзината сестра и помогнала да стане мајка на близнаци

04-122964

Мелиса Кајсер отсекогаш сонувала да има свои деца, но нејзината тажна приказна започнала откако стапила во брак со сопругот Курт. 33-годишната Американка поминала низ девет спонтани абортуси и неуспешна постапка за инвитро, пред докторите да ѝ соопштат дека најдобро е друга жена да го износи нејзиното бебе.

– Бев скршена. Не знаев дали емоционално ќе можам да поднесам друга жена да биде способна да го износи моето дете, вели Мелиса, чиј свет се променил кога нејзината сестра Лиса се понудила да биде сурогат-мајка.

Иако сè започнало како шега, подоцна таа шега станала реалност. За својата одлука, Лиса рекла:

– Ја гледав како минува од една загуба во друга. Ќе ми испратеше порака со текст: Уште еден спонтан абортус. Ужасно ми беше кога ја слушав како зборува за тоа, бидејќи таа сакаше да стане мајка откога знам за неа. И реков дека може да ја искористи мојата матка. Се смеевме и се шегувавме за тоа. Но, потоа се сетив: Чекај, па ти навистина можеш да ја искористиш мојата матка. Никој не знаеше дали ќе можам да носам дете, но ако можев, сакав да им помогнам на секаков начин. Разговаравме и за непозната жена да ѝ биде сурогат, но се разбира, мене најмногу ми веруваше, а јас сакав да го направам ова за неа, изјавила Лиса.

Во август минатата година, кај Лиса биле трансферирани два ембриони, бидејќи едниот бил со низок квалитет. Но, двата ембриони успешно се имлантирале и таа забременила со близнаци.

– Беше вистински шок. Но, од тој момент натаму, Мелиса беше до мене постојано. Таа ми беше најголема поддршка. Јас живеам сама, но таа секогаш доаѓаше за да ме одведе на прегледите, додала таа.

Лиса се породила со царски рез на 26 март и родила две здрави девојчиња – Ешлин и Тирни.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top