| четврток, 6 декември 2018 |

Данев до Заев: Ќе бидете единствениот премиер без поддршка од народот

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев на денешната седница на која треба да се избере новата Влада на Република Македонија во својот говор најмногу се задржа на обраќањето од мандаторот за состав на Владата, Зоран Заев.

Данев му се обрати лично на Зоран Заев и му посочи дека тој ќе биде единствениот премиер во историјата на Република Македонија кој ја немал поддршката од мнозинството на граѓаните.

Денес во 2017 година, господине Заев ќе бидете единствениот мандатар досега кој нема поддршка од потенцирам, од мнозинството Македонци пратеници во Собранието на Република Македонија и на тој начин македонскиот народ чијашто изборна волја преку изборот на своите пратеници ја ставате со постизборен инженеринг во опозција, истакна Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top