| четврток, 6 декември 2018 |

Португалскиот писател Бруно Амарал на промоција на наградуваниот роман „Првобитните нешта“ во Скопје

Со излегувањето на оваа книга „Или-или“ одбележува два куриозитета – ова е вкупно јубилејниот, 150. наслов во ПРОаЗА, и истовремено прв превод на дело од португалски на македонски јазик во рамките на популарната едиција,

В сабота, на 3 јуни, во 2о часот во клубот „Ла Кања“ во Старатско скопска чаршија ќе гостува португалскиот автор Бруно Виејра Амарал, кој ќе го промовира наградуваниот роман „Првобитните нешта“. Издавач на романот е „Или-или“.

– Откако пролетта на изадавчки план им припадна на домашните книжевни сили, кон крајот на пролетва и летово најавуваме европска книжевна офанзива. Планираното гостување на неколку актуелни книжевни автори го стартуваме во сабота, на 3 јуни со почеток во 20 часот во клубот „Ла Кања“ во Старата скопска чаршија, кога ќе гостува португалскиот автор Бруно Виејра Амарал, и промоцијата на неговиот наградуван роман „Првобитните нешта“. Со излегувањето на оваа книга одбележуваме два куриозитета – ова е вкупно јубилејниот, 150. наслов во ПРОаЗА, и истовремено прв превод на дело од португалски на македонски јазик во рамките на популарната едиција, за кој беше задолжена Наташа Сарџоска – соопштија од „Или-или“.

unnamed (1)

Токму Сарџоска и ќе биде задолжена за синхрониот превод за време на промоцијата Промотор на книгата ќе биде Владимир Мартиновски. Вечерта ќе ја заокружи еклектичниот сет на почитуваниот диџеј Шурбе(ира). Излегувањето на книгата, како и гостувањето на авторот во Македонија се дел од проектот „Креативна Европа“ на Европската унија.

Бруно Виеjира Амарал (1978) e писател, книжевен критичар и преведувач од Португалија. Дипломирал современа историја на Универзитетскиот институт во Лисабон. Во 2002 година учествува на „Државната изложба на млади поети“ во Португалија. Соработувал со разни книжевни списанија и зборници и автор е на разни блогови. Работел како автор, преведувач и книжевен критичар на изданието „Водич низ 50-те ликови на португалскиот расказ“. Уредник е на списанието за книжевност ЛЕР и одговорен е за комуникации на книгоиздавателството „Групо Бернард“. За романот „Првобитните нешта“ во 2013 ги добил наградите „Книга на годината“ на списанието „Тајм Аут“, наградата „Фернандо Намора“, како и ПЕН наградата за проза.  Освен тој роман, ги објавил и „Водич низ 50-те ликови на португалскиот расказ“ (2013) и „Денес ќе бидеш со мене во рајот“ (2017). Добитник е на престижната португалска награда за книжевност „Жозе Сарамаго“. Прогласен е за еден од десетте „Нови книжевни гласови на Европа“ за 2016 година.

unnamed

Во својот прв роман „Првобитните нешта“, Амарал се навраќа во замисленото маало Амелија, кое се наоѓа на јужниот брег на реката Тежо, во Вале да Амореира, во регионот Сетубал, каде што самиот тој пораснал, и од каде што секојдневно го гледал градот Лисабон, токму отаде брегот од другата страна на Тежо. Имено, делото комуницира со биографијата на Амарал, но, самото по себе не е автобиографско. Во нарацијата на романот, авторот го напушта тоа маало пред речиси десед години и тоа заминување е своевидна победа со која се оддалечил од трошните и сиви згради на сиромаштијата и општествената изолација и исклученост. Но, по низа животни порази, развод, невработеност, очај, револт, болка, сега се враќа на истото место, живее со мајка му и се соочува со свет кој, не само што не го препознава туку и не постои повеќе онаков каков што го оставил. Самото негово враќање во родното место, речиси одисејски, го означува и започнува со неговиот конфликт со минатото, но, конечно, елегичниот крај му ги отвора портите на ослободувањето од бремето на меморијата, каде што тој ги препознава вистинските првобитни, некогашни, први нешта.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top