| четврток, 6 декември 2018 |

Вавринка и Дел Потро лесно во второто коло на Ролан Гарос

stanislas vavrinka

Станислас Вавринка рутински го стартуваше својот настап на Ролан Гарос, триумфирајќи на првиот дуел во кој за противник го имаше Јозек Ковалик од Словачка. Швајцарскиот тенисер, кој стигна до титулата на овој гранслем турнир во 2015 година, работата ја заврши за три сета, триумфирајќи со 6-2, 7-6, 6-3. Ковалик пропушти можност да се врати во вториот сет, кога не искористи две сет-топки, по што Вавринка славеше со 8-6, за потоа рутински да си ја одработи задачата со 6-3 во третиот сет.

Следен противник на швајцарскиот ас ќе биде Алекс Долгополов, кој славеше со 3-0 против Французинот Берлок.

Својот настап на Ролан Гарос неочекувано уште во првото коло го заврши настапот Алекс Зверев. Младиот Германец, кој пред петнаесетина дена го освои Мастерс-турнирот во Рим, денеска загуби со 1-3 од Фернандо Вердаско.

Хуан Мартин дел Потро лесно стигна до второто коло, откако со максимални 3-0 (6-2, 6-1, 6-4) со совлада Пелја, како и Киргиос, кој со 6-3, 7-6, 6-3 славеше против Филип Колшрајбер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top