Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, осврнувајќи се на експозето на Заев, рече дека експозето содржело непрецизности и памфлетни ветувања, а притоа рече дека од него се препознава дека следуваат зголемување на давачките – персонален данок, и данок на имот, основица на придонесите и акцизи за возила, што според Димовски е нешто што ќе се случи за првпат по 10 години.
Димовски критикуваше дека во програмата нема ниту збор за зголемување на пензиите, за зголемување на платите на војската и на полицијата и во јавниот сектор, како ни за поддршка на странските инвестиции, кои според Димовски го кренале просекот на платите во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.