Фудбалерот на Интер кој од јануари беше на позајмица во Севилја Стеван Јоветиќ, најверојатно својата кариера ќе ја продолжи во Франција.
Ниту Интер и Севилја не се премногу заинтересирани за неговите услуги, а ваквата ситуација се надева дека ќе ја искористи Олимпик Марсеј.
Великанот од Франција е подготвен да плати 14 милиони евра и во своите редови да доведе квалитетен напаѓач, кој ќе дојде на местото на Бафетими Гоми.
Марсеј од минатата есен има нов сопственик во името на американскиот милијардер Френк Корт, а со тоа се зголемија и апетитите на овопј клуб. Како спортски директор е поставен Андони Зубизарета, а тренер е Руди Гарсија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.