| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ со лесна победа тргна во одбрана на титулата од Ролан Гарос

novak djokovic

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ успешно ја стартуваше одбраната на круната на гранслем-турнирот Ролан Гарос, на терените во Париз. Тој го совлада Шпанецот Марсел Гранолјерс – Пујол со 3-0 (6-3, 6-4, 6-2) во сетови, истакнувајќи дека е подготвен да го сочува пехарот.

Во следното коло досега се пласираа и Милош Раонич, Роберто Баутиста – Агут и Виктор Троицки.

На женскиот дел од турнирот стартна победа оствари бранителката на трофејот Гарбине Мугуруза, која славеше со 6-2, 6-4 над ветеранката Франческа Скијавоне. Каролине Вознијацки со 2-1 во сетови (6-4, 3-6, 6-2) ја совлада австралиската тенисерка Џејли Форлис.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top