| четврток, 6 декември 2018 |

Потврда за одличниот квалитет, Мајк Керик продолжува со „црвените ѓаволи“ уште една сезона

Можеби е фудбалер во сенка и неговата работа на терен не се забележува, но кога Мајкл Керик беше дел од првиот состав на Манчестер Јунајтед , „црвените ѓаволи“ ретко кога загубија.

Поранешниот англиски репрезентативец, иако има 35 години одигра одлична сезона, а наградата пристигна вчера откако клубот му понуди соработка на уште една година, која веднаш беше прифатена од фудбалерот.

– Јас целосно уживав во работата со Мајкл, тој е вистински професионалец и голем човек. Неговото фудбалско знаење и искуство е во голема корист на овој клуб, особено кај помладите фудбалери. Мило ми е што и следната година ќе соработуваме – по потпишувањето на договорот изјави Жозе Мурињо.

Керик од 2006 година е дел од Јунајтед и со клубот освои сè што може да се освои. Петп ати триумфираше во Премиер лигата и ФА Купот, шест пати го освои ФА Комјунити Шилд, двапати Лига Купот и еднаш Лигата на шампионите, Лига Европа и Светското клупско првенство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top