Поранешната пратеничка од СДС, Каролина Ристова-Астеруд, е мегаразочарана од „реформската влада“ предводена од лидерот на социјалдемократите, Зоран Заев. Таа реагира на бројот на жени во новата влада, пред сè на одлуката на ДУИ да нема ниту една жена министерка од нивните редови.
И, ете така, Али Ахмети ќе ја внесува Македонија во НАТО и ЕУ, кои од уста не ги вади, без жените Албанки, поточно,без ниту една жена од ДУИ за министерка. Од шест места, ниту една, камоли две-три, па некако да го креневме општиот „рекорд“ од 4 на барем 5! Тоа е тој европски идентитет, онака, во ум, душа и срце, во најдестилираната форма. Не дека СДСМ и другите се многу понапред и дека се претегнале. Толку од реформскиот дух во тој дел, а сепак многу, многу индикативен! МЕГАРАЗОЧАРАНА! – напиша Астеруд на својот профил на „Фејсбук“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.