| четврток, 6 декември 2018 |

Промоција на книгата „Творби – книжевно наследство“ од Константин Тренчев

На 30 мај, (вторник), со почеток во 20 часот, во просториите на НУ Музеј на македонската борба, ќе биде промовирано постхумното издание од д-р Константин Тренчев, „Творби – книжевно наследство“.

Станува збор за собрани книжевни творби меѓу кои шесетина песни, поема, раскази, драми, спомени, историско документарна оставнина и друго.

Промотори на книгата во издание на Македоника литера, се проф. д-р Владо Поповски и проф. д-р Васил Тоциновски. На промоцијата ќе настапи и проф. д-р Драган Даутовски.

Д-р Константин Тренчев (1859-1969) е познат македонски интелектуалец, лекар, хуманист, приврзаник на македонската традиција и култура. Тренчев бил исклучителен македонски патриот доследен на идјеата за слободна и независна македонска држава, поради што бил затворен и осуден на смрт. Бил помилуван, но одлежал осум години затворска казна, по чие завршување комплетно се посветил на лекарската професија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top