Професорката по политички науки Билјана Ванковска не остана имуна по објавувањето на составот на идната влада. Вели, не е разочарана, едноставно не ни очекувала нешто подобро.
Можеби не сме демократија, ама сме богата држава кога можеме да си дозволиме куп вицепремиери и 7-8 министри брз ресор! Владата како место за вдомување на сè и сешто, а уште не ни стасале до другите позиции… Јас не сум разочарана – не ни очекував нешто подобро од партии кои не сфатија дека тие не се важни, а дека општиот интерес налагаше мала и компетентна, експертска влада – напиша Ванковска на својот фејсбук профил.
За составот и бројот на министри реагираа повеќемина. Голем дел од нив важат за големи поддржувачи на социјалдемократите.
Се јавија соросоидите – Геро им дава шанса на Дураку и Бујар, Милчин веќе знае што тие „можат“
Липково 2001 ќе му се деси: Командант Вентили го остава Заев без капка поддршка
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.