| четврток, 6 декември 2018 |

Нимиц: Решавањето на спорот за името треба да е приоритет на новата влада

nimic

Решавањето на спорот за името треба да биде високо на агендата на новата македонска влада, порачува посредникот на ОН во спорот за името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц. Во интервју за грчкиот весник „Риал њуз“, Нимиц истакнува дека очекува да се формира нова влада во Македонија и да започнат сериозни разговори за решавање на проблемот кој постои меѓу Скопје и Атина.

Решавањето на овој проблем, според него, може да помогне да се надминат и други проблеми во регионот. ­

– Мандатот кој го имам за решавање на спорот за името е клучот кој ќе ја отвори вратата за да се решат и други спорни проблеми во регионот. Спорот може да се реши ако и двете земји и нивните лидери добијат поддршка од нивните народи, ако разгледаат нешто што е логично, што ќе го задржува достоинството на двете земји, идентитетот на двете земји, историската смисла на двете земји. Мислам дека постојат решенија, вели Нимиц.

Тој ги оценува како опасни и погрешни сите разговори и идеи за менување на границите, особено на Балканот.

– Границите треба да останат таму каде што се и мислам дека тоа што го нарекуваме ПЈРМ е една држава членка на Обединетите нации, признатa како држава од сите нејзини соседи, истакнува Метју Нимиц.

Тој апелира до Албанците во Македонија да бидат лојални граѓани, да придонесат за функционирање на државата и да работат во насока на демократско решавање на проблемите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top