| четврток, 6 декември 2018 |

Со погодок во 90. минута, Рома со победа се прости од Тоти

toti

Во драматичен натпревар, екипата на Рома оствари победа од 3-2 на домашен терен во рамките од последното коло од Серија А во мечот против Џенова. Ова воедно беше и последниот натпревар на легендата на Рома и нивниот долгогодишен капитен Франческо Тоти, а трите бода  и помогнаа на Рома да го обезбеди второмо место на табелата кое гарантира директен пласман во групната фаза во Лигата на Шампионите.

Откако екипата на Џенова рано поведе, Рома направи резултатски пресврт со по еден гол во двете полувремиња, за да дојде до посакуваното водство. Сепак, голот на Лазовиќ во 79. минута ги закомплицира работите, но спасител на римјаните беше Пероти во последната минута од регуларните 90 кој ги постави конечните 3-2.

„Принцот од Рим“ на својот последен натпревар за Рома влезе на теренот во 54.минута, а на крајот на мечот имаше емотивно обраќање кон сите присутни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top