| четврток, 6 декември 2018 |

БЕСА не влегува во влада

zaev-besa

Беса не влегува во владата на Зоран Заев. Денеска, по преговорите со Беса, социјалдемократите испратија соопштение во кое се посочува дека не е постигнат договор за дел од прашањата.

„Известуваме, во врска со преговорите со партијата Беса, дека покрај тоа што се согласивме дека ја споделуваме определбата за итни реформи за демократски и европски развој на Македонија, за одреден дел прашања не постигнавме договор. Оставаме отворени врати за соработка околу поддршка на реформите што престојат во Република Македонија, како и за се друго од заеднички интерес за сите граѓани на нашата земја“, велат од „Павел Шатев“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top