| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба и концерт во чест на македонско-австриската културна соработка

Културата и животните услови на народот на Балканот во време на Првата светска војна се инспирација за сликите на австрискиот уметник Леополд Форстнер. Дел од неговите уметнички дела ќе бидат поставени на изложбата што во чест на македонско-австриската културна соработка ќе се отвори на 8 јуни во 20 часот во МОБ.

Во рамки на изложбата, салонски концерт ќе одржи пијанистката и амбасадорот на култура на Република Македонија во Република Австрија, Елена Мисиркова.

Elena_Misirkova_Skopje_2009

Изложбата и концертот се иницирани од историчарот од Институтот за истражување на последиците од Првата светска војна „Лудвиг Болтцман“ во Виена, кураторот господин Кристоф Бенедиктер и од амбасадорот на култура на Македонија во Австрија, госпоѓа Елена Мисиркова, а е под покровителство на ЕВН Македонија и на австриската амбасада.

Австрискиот автор Леополд Форстнер (*1878- 1936)  е еден од најзначајните т.н. материјални сликари и мозаичари, кој е современик на Густав Климт и Јозеф Хофман, и кој за време на Првата светска војна, како офицер на Империјалната војска на Австро-унгарската монархија, бил стациониран во Охрид, Македонија. Фасцинантно е што голем број од цртежите од тој период претставуваат единствено сведоштво од овој вид и се своевиден документ за духот на времето и за животната култура на населението бидејќи во нив се забележани обичаите, архитектурата, народните и градските носии на населението од регионот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top