Сигурно мислите дека тоа е лесно да се препознае, но статистиката покажува дека многумина не насетуваат дека се во врска со психопат. Еве некои од знаците кои ќе ви помогнат да разберете дека сте во врска со психопат
Премногу ви ласка
Психопатите многу ги брзаат работите. На првиот состанок ќе ви каже дека сте неверојатно убави, интелегентни и забавни. Ќе си игра со секоја несигурност која ја имате. Доколку имате вишок килограми, тој ќе ви каже дека го обожува вашето тело. Доколку сте срамежливи, тој ќе се смее на секој ваш обид за шега. Во секој случај, ќе се обиде да ве навлече на сликата која ја создавате за него. Тоа може да потрае со месеци, можеби и години се додека не го открие вистинското лице.
Мислите дека е ист како вас
Психопатите ќе ве убедат дека сте сродни души. Дека ве интересираат потполно исти работи. Доколку сте имале тешко детство, тој ќе каже дека и него му било тешко и дека поради тоа се разбирате еден со друг. Ја примети ли вашата книга, бидете спремни дека и тој ќе земе да ја чита истата. Психопатот всушност станува одраз на партнерот во огледало, затоа што нема сопствен идентитет.
Патетичен е
Особено винимание обратете на тоа што го раскажува за поранешните партнери. Дали партнерот е луд или ги прати? Дали мајката ги контролира? Дали имате чувство дека имал тежок живот во кој луѓето често ги напуштале? Се тоа што го зборува за луѓето е исто што ќе го зборува и за вас во некој период од животот. Затоа слушајте внимателно.
Болести и повреди
Психопатите сакаат луѓето да ги сожалуваат. Дали мистериозно ја победил тешката болест која би можеда да се врати секој момент? Дали баш пред вашиот состанок сршил зглоб па морал да го откаже? Слушајте ја секоја приказна, ако почне да претерува во тоа и да го нагласува, тогаш можеби во приказните и нема некоја вистина, само бара внимание.
Одличен секс
Сите сакаат одличен секс, но во врска со психопат посебно се истакнува дека никогаш не сте имале подобар секс во животот. Тоа е затоа што психопатите излегуваат од својата удобна зона за да му удоволат на партнерот. Со тоа психопатот сака да ве навлече на него, а кога еднаш ќе станете зависни и ќе се фатите себеси дека молите за секс, а тој одеднаш не сака да има.
Неочекувани и чудни признанија
Психопатите од ништо педизвикани може да ви кажат „знаеш јас сум луд“ или „те изневерувам“, а веднаш потоа се ќе порекнат и ќе ви кажат дека се шегуваат. Сепак тој често ќе ги тестира вашите реакции.
Игнорирање
Кога ќе ве навлече на себе, тој почнува да ве омаловажува. Првиот чекор е игнорирање. Психопатите се одликуваат така што може да ги снема на неколку дена. Тој тоа го прави за да ја разниша вашата самодоверба и да ве натера уште повеќе да го идеализирате. Во реалноста, тој за тоа време ја бира својата следна жртва.
Си игра игри
Психопатите сакаат да ве доведат до точка да станете опсесивни, вљубени, ви удоволуваат, а потоа се повлекуваат и си играат игри со вас. Тоа е период кога ви претставуваат и други луѓе од неговиот живот на кои станувате љубоморни. Тоа може да биде и поранешниот партнер. Умот на психопатите размислува така да сите го сакаат и сакаат вие да се однесувате најдобро што можете затоа што тој ќе ве остави за некој од тие што го сакаат.
Отфрлање
Финалната фаза е отврлање. Откако ќе му се смачи да го идеализирате, тој почнува да ве омаловажува, а потоа ве отфрла без грам емоции, како да никогаш не сте биле во врска. Наеднаш вие ништо не вредите во неговите очи, а тоа обично е кога тој веќе започнал нова врска.
Готово е кога тој ќе каже
Иако ве оставил, тој не сака вие да продолжите понатаму. Доколку почувствува дека сте завршиле со него, веднаш ќе се врати кај вас и ќе ве моли да се вратите во неговиот живот. Ќе се обиде да ве придобие со зборовите кои секогаш сте сакале да ги слушнете, ќе ви ветува се и сешто и ќе се однесува исто како на почетокот на врската, но тоа е се глума.
Како да се спасите од психопат?
Единствен начин да се спасите од психопатите е воопшто да не бидете во контакт со нив. Тоа е единствена акција со која нема да го нараните неговото его. Бидете сигурни дека ќе ви отежнуа на секаков начин, можеби и ќе ве прати. Немојте да се согласувате на никаква игра која ви ја нуди, затоа што ќе ве победи баш затоа што нема ниту грам емоција во себе. Сепак тие што имаат деца од брак со психопат, контактот би требало да се сведе на минимум и тоа само онолку колку што е потребно поради децата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сијамски близначки жртви на експерименти: Делеле иста судбина, но едната станала психопат, а другата…
-
Кој е нарцис, а кој е психопат?
-
На ова прашање точно одговараат само сериски убијци: Ако и вие го знаете одговорот на ова прашање тогаш сте психопата
-
Раскинете на време: ова се знаци дека сте во врска со психопат