| четврток, 6 декември 2018 |

Кој е нарцис, а кој е психопат?

Термините „нарцис“ и „психопат“ често се употребуваат со слична конотација, но важно е да се знае дека има големи разлики помеѓу овие два вида на пореметувања.

Прилично е тешко да се идентификува некој како психопат, бидејќи психопатите делуваат сосема нормално, дури и шармантно, но нивната нормалност е само фасада. Психопатите немаат совест и емпатија поради што најчесто се пресметливи, манипулативни, импулсивни и понекогаш криминалци. Од друга страна, тие обично се надарени со неверојатна интелигенција.

Тие се предатори во природата, постојано бараат луѓе кои ќе ги злоупотребат за да ги исполнат своите себични желби и цели, и без двоумење преминуваат на следната личност која им е потребна за да го добијат тоа што го сакаат. Психопатите не се плашат од никого и поседуваат извонредна самодоверба.

Психопатите и нарцисите имаат една важна заедничка карактеристика – не чувствуваат емпатија, односно не сочувствуваат со другите.

Луѓето кои страдаат од Нарцисоидно пореметување на личностапокажуваат голема ароганција и постојана потреба за внимание, и во личниот и во професионалниот живот.

Нарцисоидните луѓе или нарцисите често се опишуваат како самоуверени, себични, манипулативни и комплицирани лица. Тие веруваат дека имаат право на посебни привилегии и покрај тоа што се чини дека имаат големо ниво на самодоверба, всушност нивната самодоверба е на многу ниско ниво, па тука ја гледаме и нивната маска. Во некои случаи, сепак, завележано е дека нарцисите може да имаат висока самодоверба и на двете нивоа.

Нарцисите исто така можат да бидат прилично агресивни и често да дејствуваат импулсивно со цел да добијат внимание. За разлика од психопатите, нарцисите често покажуваат емоции, што укажува на тоа дека нарцисите може да се почувствуваат понижени, додека психопатите не.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top