Ретко кој сака да си го признае тоа, а колку подолго трае врската толку е потешко да се сфати дека некои работи едноставно не се во ред.
Проблемот со лошите врски и емоционалните злоставувачи е и фактот дека често сигналите ги препознаваме кај другите но кога е во прашање нашата врска како да сме слепи. Проверте дали препознавате некои од овие симптоми во вашата врска и односот со партнерот /пертнерката, а ако сето ова ви делува нормално дефинитивно се наоѓате во нездрава врска.
*често ве понижува пред другите, онака на шега
*секојдневно ве критикува и повторува дека што правите е погрешно
*ве игнорира и исклучува кога тоа му одговора
*се однесува непримерно кога се во прашање другите жени /мажи
*константно е саркастичен и тоа веќе не е симпатично *има двојни стандарди – вас ви приговара за истите работи за кои него не смее да му се приговара
*неоправдано е љубоморен
*има нагли промени на расположението
*емоционално ве уценува за да добие што сака
*ви наметнува грижа на совест ако посакате време за себе
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.