Се работи за едноставно прашање, кое не е „трик прашање“, а на кое поголем број на уапсените сериски убијци дале точен одговор.
Прочитајте ја оваа куса приказна, а потоа обидете се да одговорите на прашањето кое следи.
-Жена била на погребот на својата мајка и помеѓу собраните видела еден маж кој никогаш порано го немала видено. Изгледал токму како идеалниот маж и таа се вљубила во него на прв поглед. Но, немала негов контакт и не знаела како да дојде до бројот на неговиот телефон. Неколку дена потоа ја убила својата сестра.
Прашање: Кој бил нејзиниот мотив да ја убие сестрата?
Реномираниот канадски психолог Роберт Ф. Хејр е познат по неговата метода за проценка на психопатијата (Psychopathy Checklist-Revised – PCL-R),а често работи како советник на одделението на ФБИ кое се занимава со случаи на киднапирање на деца и сериските убијци. Како психопати се сметаат луѓето кои не покажуваат никакво каење за своите дела и не се способни за сочувство. Според неговата „чек – листа“ психолозите направиле еден едноставен тест со помош на кој може да се утврди дали некој размислува како сериски убиец.
Одговор: Се надевала дека мажот повторно ќе се појави на погребот. А доколку не го знаевте одговорот на прашањето, добро е, не сте психопат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.