| четврток, 6 декември 2018 |

Од БЕСА по средбата со Заев велат: Нема договор, разговараме за принципите!

Заврши средбата на Зоран Заев со претставиците на БЕСА, по која Заев изјави дека е оптимист дека до недела ќе се објави составот на идната влада.

Според него сеуште траат разговорите и негува надеж дека до недела се ќе се знае.
Од друга страна од БЕСА велат дека нема договор и дека разговараат за принципите.
-Сега за сега само за принципите, не отстапуваме од нив, а нашите принципи ги знаете, рекоа од БЕСА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top