До вечерва до полноќ нема да биде познат составот на новата влада, ниту, пак, до утре пред конгресот на партијата, изјави попладнево мандатор за составот на новата влада, Зоран Заев, пред почетокот на средбата со лидерот на Беса, Билал Касами.
По средбата која се одржува во Собранието, најверојатно ќе биде познато дали Беса ќе биде дел од новата влада.
Заев вели дека преговорите не се закочени, но дека очекува многу бргу да се усогласат внатрепартиските ставови на партиите од албанскиот блок.
Лидерот на СДСМ уверува дека следната недела ќе биде познат составот на новата влада, но не прецизираше точен датум кога тоа ќе се случи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.