| четврток, 6 декември 2018 |

Агаси: Штефи ме натера да го тренирам Ѓоковиќ

Легендарниот тенисер Андре Агаси е нов тренер на Новак Ѓоковиќ. Американецот во интервју призна дека одлучил да го тренира српскиот ас затоа што неговата сопруга Штефи Граф го натерала да го прифати повикот.

– Прво одбив да го тренирам Ѓоковиќ, но Штефи ми кажа да се обидам. Кој знае, можеби сакаше само да се ослободи од мене! Што се однесува до договорот со Новак, немаме долгорочен план, ќе бидам со него на Ролан Гарос. Потоа, одам на одмор кој долго време го планирав. Па, потоа ќе видиме што ќе биде – изјави Агаси.

Ролан Гарос, најпрестижниот турнир на земјена подлога, почнува в недела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top