| четврток, 6 декември 2018 |

Мрачното минато на новиот тренер на Ѓоковиќ: Mногу дрога и лесни жени

01

Српскиот ас Новак Ѓоковиќ откри дека го ангажирал лагендарниот Андре Агаси за свој нов тренер. Сепак, Американецот, освен по својата блескава тениска кариера, беше познат и по бројните скандали.

Самиот Агаси до најсочни детали во својата автобиографија раскажал за она што му се случувало се од 1997 година кога поради драстичниот пад на формата почнал да консумира дрога, како и дека потоа почнал да го мрази тенисот.

– Никогаш тенисот не го сакав како што го сакаа другите играчи. Кога малку подобро ќе размислам, често и го мразев. Имаше периоди кога ми се гадеше од помислата дека треба да го гледам и удирам тоа жолто топче со часови. Исто така живеев во постојан страв дека ќе направам некој скандал, па медиумите ќе ме развлекуваат по насловните страни – напишал Агаси во својата автобиографија.

aa

Американецот, кој освои 8 гранслем-турнири, признал дека консумирал „кристал мет“ во 1997 година, во периодот кога кариерата му стагнирала.

– Додека седев дома во периодот кога не се натпреварував, мојот асистент ми понуди дрога. Тогаш си реков, ајде Андре, опушти се малку и уживај. Прво почувствував каење, но потоа ме обзема еуфорија која ја избриша сета грижа – пишува Агаси.

Освен неколкугодишните епизоди со дрогата, Агаси е познат по огромниот број жени со кои бил во врска. Тој своевремено се забавувал со од него 28 години постарата Барбара Страјсенд, а по таа врска се оженил со Брук Шилдс.

MAIN-Andre-Agassi-and-Brooke-Shields

Бракот со неа траел само две години, по што Агаси започнал романса со порноактерката Џена Фајн. Ниту оваа врска не траела многу, а партнерката му замерувала поради развратните забави во Вегас на кои на неколку наврати бил забележуван со бројни ексорт дами.

Од 2001 година тој е во брак со поранешната тенисерка Штефи Граф со која има две деца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top