| четврток, 6 декември 2018 |

Мареј: Малку е чудно, но ја поздравувам одлуката на Агаси

Енди Мареј, светскиот рекет број еден, има најлош почеток на сезоната во неговата кариера бидејќи ни малку не личи на тенисер што се наоѓа на првото место на листата на АТП.

Британецот игра под своето препознатливо ниво на последните неколку турнири, а причина за тоа е можеби фактот што брани повеќе бодови во вториот дел од сезоната, па моментално ја штеди својата сила за тој период.

Познато е дека тој и Новак Ѓоковиќ се многу блиски, па Мареј одлучи да ја прокоментира последната одлука на Србинот и промената на тренерскиот тим зад него.

– Враќањето на Андре во тенисот е голема работа, а исто така и за Ѓоковиќ. Кога големите тенисери остануваат во спортот, тоа го зголемува интересот кај фановите. Морам да признаам дека неговата одлука ме изненади, не очекував такво нешто од него, но мислам дека правилно постапи. Знам дека Агаси е премногу зафатен надвор од тенисот, така што не знам каков е нивниот договор. Но, би сакал на кој било начин тој да биде дел од спортот – вели 30-годишниот британски тенисер.

Американецот ќе му биде тренер на Ѓоковиќ на престојниот гренслем-турнир во Париз, Ролан Гарос.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top