| четврток, 6 декември 2018 |

Барања за субвенции за млеко ќе се поднесуваат до 15 јуни

Млекопроизводителите барањата за субвенции за произведено и продадено овчо, козјо и кравјо млеко во период од јануари до април 2013 година, ќе може да ги поднесуваат до 15. овој месец

milk

За ова информираше Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и во руралниот развој.

Висината на поддршката изнесува 3,5 денари по литар и дополнителни 15 проценти за млеко произведено на одгледувалишта со надморска висина поголема од 700 метри.

Барањата се поднесуваат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство каде што е извршена регистрација на земјоделското стопанство.

Како доказ за продадено млеко се доставуваат откупни белешки издадени од преработувачки капацитети запишани во регистарот на одобрени објекти за производство на храна од животинско потекло, соопшти Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top