Ведран Миочиќ – Стошиќ од Задар е сопственик на автомобил „Форд фјужн“ со табличка „МГ 100616 ГМ“. Тоа се негови приватни таблички, кои сам компјутерски ги дизајнирал, ги изработил и ги поставил на својот автомобил и негово помошно средство за движење, пишува Бука.
Прво го одјавил возилото, ги вратил официјалните регистарски таблички кои ги користел до тогаш и на 10 јуни 2016 година се одлучил дека како жив човек по своја слободна волја ќе користи таблички во своја сопственост на целиот движен имот во своја сопственост и дека слободно ќе се движи по сите патишта за свои приватни потреби, за што официјално ја известил Поциската станица во Задар.
Приватните таблички на автомобилот се темелат на „Објавата за непостоење на лице“, документ со кој ги раскинал сите фиктивни, имагинарни, измислени врски меѓу него и фиктивниот ентитет – државата.
Веројатно се работи за најголем облик на граѓански отпор во Хрватска, кој до сега бил многу непознат иако неговиот случај не е единствен.
Не брзал и тоа не било изведено импулсивно, туку е дел од добро разработен план темелен на „универзалното човеково право на жив човек“ и ако тоа тој го одлучи и законски кон државата така и се декларира, од тој момент законите повеќе не се однесуваат на него.
Правно гледајќи, сите физички лица се фирми, а бидејќи тоа е и државата, тука се работи за своевиден раскин на договор, тврди Миочиќ-Стошиќ.
– Појавата на луѓето кои почнаа да се декларираат кон државата како живи луѓе постои веќе некое време во светот, меѓутоа според моите сознанија „Објавата” е единствен документ.
До него се дошло со истражување на неколку години наназад со кое замислил начин како човекот да го преземе назад суверенитетот над својот живот, да ја оствари својата слобода и да се заштити од „државата” која со средство на присила ги поробува луѓето на сите можни начини, истовремено притоа обврзувајќи се дека на друг жив човек ни на неговиот имот нема да прави штета, вели Миочиќ-Стошиќ.
– Едни од пионерите на оваа приказна во Хрватска се Дражен Касало од Солин (kontrolauma.org) и Владимир Периќ Валтер од Загреб (zvono-istine.org) кои смислиле начин кој секој човек може да го искористи или да го доработи според своето убедување. Концептот е всушност многу едноставен. Ако внимателно прочитате, законите се однесуваат само на физички лица, не на човек!, вели Миочиќ-Стошиќ.
„Република Хрватска” д.о.о. по пат на матичните документи креира физички лица – фирми, со тоа над нив има надлежност бидејќи е нивен сопственик и преку законите (читај: договор) со нив работи на начин што им пропишува кои се нивните права, обврски и слично.
На тој начин системот, т.е. луѓето кои го спроведуваат, бидејќи систем не постои туку е само ментален концепт, имаат „легална подлога” како да го поробат човекот во секој поглед на неговото постоење, од којзнае какви психопатски причини. Човекот тога, индоктриниран на сите можни начини, несвесно ја прифаќа играта и влегува во машината, буквално станува гориво кое со своја согласност покренува нечија машина.
И така со векови, „цивилизацијата” фино се развива се до денешен момент кога глобално гледајќи, буквално поттикнува хаос, деструкција, војни, кризи и – работење! Целиот свет ја прифатил „играта”, а некој над овој концепт има франшиза.
Е сега, правото на поробување не е во тоа што „системот не уништува”, туку во тоа што човекот на индивидуално ниво се идентификува со физичко лице и со тоа ја предава надлежноста над својот живот на некој друг, несвесен дека е измамен.
Токму тука според мене лежи поентата на оваа приказна, човекот пред се треба да се освести кој е во духовна и физичка смисла, кои му се можностите и потенцијалите, кои се неговите природни права, тоа е одреден пат до самоспознавање… Човекот денес премногу делува од позиција на умот, егото, а премалку го слуша своето срце. Јас одлучив да ја преземам одговорноста за својот живот во свои раце и да градам односи со другите луѓе и својата околина на конструктивен начин, објаснува Миочиќ-Стошиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.