| четврток, 6 декември 2018 |

Манчестер јунајтед со офанзивен состав ќе е обиде да стигне до трофеј во Лигата на Европа

Britain Soccer Europa League

За неполн час во Стокхолм ќе започне финалето во Лигата на Европа меѓу Манчестер јунајтед и Ајакс, а победникот ќе дојде и во Скопје, на дуелот од Суперкупот на Европа, на 8 август на „Телеком Арена“. Познати се и официјалните состави за финалниот меч.

Жозе Мурињо ќе нападне со Маркус Рашфорд како најистурен во навалната линија, и Мхитарјан како негова поддршка од позадина. А Ајакс во централниот одбранбен ред ќе го има најмладиот фудбалер кој заиграл финале во историјата на Лига Европа. Тоа е Матијс де Лигт, кој има 17 години и 285 дена. Во нападот на Ајакс се Траоре и Долберг, а од крилната позиција ќе се придодава и Јунес.

Официјални состави:

МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД: Ромеро, Дармијан, Смолинг, Блинд, Валенсија, Херера, Фелаини, Погба, Мата, Мхитарјан, Рашфорд.

АЈАКС: Онана, Велтман, Санчез, Де Лигт, Ридевалд, Шоне, Класен, Зијех, Јунес, Долберг, Траоре.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top