Нант го совлада ПСЖ и стигна до чекор до титулата. Сите посакуваме и Вардар повторно да се избори за финале, а истата желба ја има и Кире Лзаров.
Првото полуфинале во Лигата на шампионите донесе големо изненадување – екипата на Нант го елиминира тимот на ПСЖ, кого го совлада со резултат 32:28 (17:14).
Супербогатиот ПСЖ само во првите неколку минути забележа минимално водство, а во сето останато време од средбата доминираше тимот на Нант, кој повремено водеше и со пет голови разлика.
ПСЖ трета сезона по ред не успева да дојде до драгоцениот пехар во Лигата на шампионите и останува да ја видиме реакцијата на нивните арапски сопственици, кои без полза трошат по 15 милиони евра секоја сезона.
Најдобри на средбата беа нашиот капитен Кире Лазаров и пикерот на Нант Турна, кои постигна по 8 гола за победникот. Со овие голови, Лазаров стана најдобар стрелец на фајналфор-турнирите во Лигата на шампионите. Кај поразените најдобар беше Ремили, со 6 постигнати гола.
За половина саат се игра второто полуфинале, во кое Вардар ќе се соочи со најголемото изненадување на сезоната, тимот на Монпелје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.