| четврток, 6 декември 2018 |

По испиеното виски со Црвенковски, Заев почнува со промените во СДСМ

Zaev_SekerinskajОткако вчера испи виски со сега веќе екслидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, Зоран Заев почнува со реконструкција на опозициската СДСМ. Според најавите бројот на потпретседатели ќе биде намален, односно место четворица, како што предвидува сегашниот Статут на партијата, ќе има тројца потпретседатели.

Едното потпретседателско место е резервирано за Радмила Шекеринска. Партиски извори велат дела се очекува работата на Шекеринска да биде речиси еднаква со ингеренциите на Заев.

Дневник објавува имиња што би можеле да добијат висока функција. Освен имињата на пратениците Оливер Спасовски и Маријанчо Николов како генерален и организациски секретар на СДСМ, во партијата се коментира дека на потпретседателските места може да се најдат пратеникот Јани Макрадули и Софија Kуновска од Советот на Град Скопје, а во оваа комбинација се споменува и Гордан Георгиев.

Инаку, Црвенковски веќе ја напушти канцеларијата во СДСМ. Неколку дена е префрлен во канцеларијата близу седиштето на партијата, која ја доби како поранешен претседател на државата. Се очекува Црвенковски да го продолжи професионалниот ангажман во оваа улога.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top