| четврток, 6 декември 2018 |

Гордана Винчиќ на групна изложба во Мароко-„Боите на Африка“

Ликовната уметница Гордана Винчиќ деновиве престојува во Мароко каде е дел од големата група уметници кои творат на тема „Боите на Африка“. Настанот се случува во градот Сетет, на 40 километри од Казабланка.
-Изложбата „Боите на Африка“ е организирана од страна на уметничката асоцијација „Tamessna des Beaux Arts“ и општината на градот Сетет, не информираше Винчиќ.
18671128_10155326988144137_902326976032562141_n
Гордана со уште три уметници од Шпанија се единствените учеснички од Европа на колонијата во која учествуваа педесет уметници од Африка.
18557021_10155325383704137_2935005065556273861_n
-Дојдовме во Мароко на покана од организиаторот Јахја Ел Махзуз, кој воедно е професор по ликовна уметност во градот Сетет каде што се одржува колонијата. Покрај учеството во изложбата имавме и организирана работилница каде споделивме искуства и учевме техники на сликање и на работа еден од друг, ни рече Винчиќ.
18698011_10155326982974137_2527273470544304324_n
„Боите на Африка почна на 19 мај, а ќе трае до 28 мај.
18741535_10155330964849137_740741485_n

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top