| четврток, 6 декември 2018 |

Промоција на „Мојата македонска приказна“ од Ацо Станкоски

На 25 мај, четврток, во 12 часот, во Галеријата на МКЦ, издавачката куќа „Ѓурѓа“, ќе ја промовира книгата „Мојата македонска приказна“ од Ацо Станкоски, академски сликар и публицист.
За книгата и авторот ќе зборуваат новинарката Мирка Велиновска и амбасадорот Ристо Никовски.
Книгата е прв наслов во новата едиција, „Мацедонише цуштенде“ („Македонски состојби“), што издавачот ја покрена во годината во која ја одбележува 30-тата годишнина од постоењето.
Во текстот, авторот, со својот препознатлив остар и директен полемички начин на изразување, го изнесува својот став за актуелниот општествено-политички миг во Македонија. Интересен е фактот што Станкоски, всушност, во книгата полемизира и споменува повеќе од 100 личности актуелни на политичката и културната сцена во земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top