Традиционална годишна изложба на ДСУЛУД „Лазар Личеноски“ Скопје, ќе се одржи вечерва со почеток во 20 часот во галеријата на училишната зграда.
На овогодишната завршна изложба ќе бидат претставени најновите достигнувања на учениците во изминатата учебна година, акцентот ќе биде на овогодишните матуранти и нивните завршни дела.
Од неодамна во училиштето се извршија суштински промени во наставната структура , покрај одделите Сликарски дизајн, Вајарски дизајн, Керамички дизајн, Графички дизајн, Дизајн на ентериер, мебел и индустриски производи, Дизајн на текстил и облека, се оформи и нов оддел Мултимедиски дизајн за кој наставата ќе започне од септември со почетокот на новата учебна година.
Со ваквата промена во структурата на образовниот процес и со промена на постоечките наставни програми со нови училиштето станува лидер во сферата на дизајнот и новите технологии и начини на изразување во уметноста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.