| четврток, 6 декември 2018 |

МКФ донесе одлука, турски судии ќе ја судат мајсторката меѓу МЗТ Скопје и Карпош Соколи

mzt skopje

Македонската кошаркарска федерација (МКФ) по претходна согласност на клубовите МЗТ Скопје и Карпош Соколи донесе одлука во „мајсторката“ од финалната серија правдата да ја делат прволигашки арбиртри од Турција.

Од федерацијата велат дека оваа одлука е донесена со цел да се заштитат арбитрите т.е. официјалните лица од Република Македонија кои во текот на оваа натпреварувачка сезона особено со наближувањето на крајот на првенството постојано биле изложени на ризик во спортските сали ширум републиката и неретко беа жртви на фрлање на тврди и на меки предмети од страна на присутните лица како и на навреди упатени кон нив и плукање.

Правдата во петтиот меч меѓу македонските АБА-лигаши ќе ја делат Мехмет Кесетар, Фатих Арсаноглу и Мехмет Карабилечен.

mkf sudii

Послeдниот натпревар од финалната серија ќе се одигра утре (среда, 24. мај, 2017 година) со почеток во 18:00 часот и победникот од овој дуел ќе го одлучи шампионот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top