| четврток, 6 декември 2018 |

Еуфорично славје во „Јасмин“: Кошаркарите на МЗТ ја прескокнаа оградата и славеа на трибина со навивачите (фото)

Огромна беше радоста кај кошаркарите на МЗТ Скопје по победата над големиот ривал Работнички во финалето во Купот на Македонија кое се одигра денеска во Кавадарци, а „аеродромци“ го добија со резултат 76-67 . Таа дојде како мелем на рана за не така успешната сезона досега во која се на дното од табелата во АБА и третопласирани во првенството.

Помошта од навивачите од трибините, каде што се најдоа околу 400 припадници на „Фемили“, им беше и тоа како драгоцена поради што разбирливо е што им се фрлија в прегратки веднаш по последниот звук на сирената. Радоста беше огромна, а речиси сите кошаркари се најдоа на делот за фановите прегрнувајќи се и славејќи го големиот успех.

(фото – Спорт1.мк)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top