Вчеравечер во КИЦ на Република Македонија во Софија, беше отворена изложбата “Експресивната лирика и траги” од академските сликари Илирјан Бекири и Башким Меџити. Пред бројна публика и претставници од дипломатскиот кор, изложбата ја отвори директорот на Центарот, Васко Шутаров.
Илирјан Бекири и Башким Меџити, на своето прво заедничко и репрезентативно претставување во Софија, се претставија со 23 масла на платно, од нивните најнови творечки опуси. Иако концептуално различни, делата на двајцата ликовни уметници чинат една исклучителна компактна целина, која комуницира преку хармонијата од лирски експресии, преку композицијата, бојата, силно изразената симболика.
Илирјан Бекири и Башким Меџити, имаат остварено заеднички проекти и изложби ширум Македонија, државите од регионот, но и во Париз и Њујорк. И двајцата се професори на Факултетот за ликовни уметности на Универзитетот во Тетово.
Проектот е поддржан од Министеството за култура на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.