| четврток, 6 декември 2018 |

Промоција на магазинот „Лице в лице“ во „Галерија 8“

Петтиот број на активистичкиот уличен магазин „Лице в лице“ ќе биде промовиран вечерва во 19.30 часот во просторот на Безистенот, „Галерија 8“ – Стара скопска чаршија, како дел од одбележувањето на Светскиот ден на животната средина. На промоцијата ќе биде отворена и изложба на најуспешните фотографии од фотоконкурсот „Една фотографија-илјада зборови“, кој „Лице в лице“ го организираше во соработка со Платформата за креативни индустрии „Скопје креатива“. Ќе бидат објавени  и наградените автори и дела од оваа изложба, кои ги избра жири во состав Томислав Георгиев, фотограф, Вук Митевски, ликовен уметник и филмски работник и Игор Ивковиќ, театарски режисер. На првонаградениот автор „Скопје креатива“ ќе му обезбеди самостојна изложба, а сите наградени ќе добијат вредносни награди од „Никон“ и акредитации за следење на Меѓународниот фестивал на креативен документарен филм „Македокс“.

Со првите сто промотивни примероци на „Лице в лице“, за читателите има и подарок, обележувачи за книги од рачно изработена садлива хартија кои ги направи Јасмина Главинче специјално за промоцијата на магазинот во рамки на Светскиот ден на животната средина и енергетско ефикасни шолји од ЕВН Македонија.

На промоцијата ќе има и продажна изложба на ракотворби на две уметници, Јасмина Главинче со нејзиното креативно студио „Визарт“ и Блашка Миева.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top