Нервен гас бил користен неколку пати за време на двегодишните судири во Сирија, изјави францускиот министер за надворешни работи Лоран Фабијус.
– Тестовите покажуваат присуство на сарин во различни примероци со кои располагаме, рекол Фабијус и додал дека доказите се предадени на Обединетите нации.
Министерот не прецизирал каде и кој користел сарин, но рекол дека “би било неприфатливо одговорните за тие злосторства да останат неказнети“.
Претходно, експерти од ОН соопштија дека постојат „оправдани причини“ да се верува дека во конфликтот во Сирија се користат ограничени количини хемиско оружје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


