Маверик Вињалес ја запиша третата победа во Мото ГП шампионатот, откако го доби директниот дуел со клупскиот колега, Валентино Роси кој направи грешка во последниот круг и ја заврши трката без бодови.
Вињалес беше во водство во текот на цела трка за ГН на Франција, но на четири круга до крајот го загуби дуелот со Роси и до крај се обидуваше да го прати неговото темпо. Во последниот круг, Роси прв попушти и направи грешка, па се обиде да ја исправи, но преголемиот ризик го чинеше пласман на пиедесталот.
Шпанскиот возач се искачи на првата позиција во генералниот пласман и го искористи излетувањето на Роси, кој направи за него несвојствена грешка и ја заврши трката без бодови.
Без пласман заврши и Марк Маркез, кој со неговата Хонда заврши надвор од патеката на големо разочарување на неговите фанови.
На второто место заврши Јохан Зарко, кој ја комплетираше доминацијата на Јамаха во Ле Ман, а трет на целта пристигна Дани Педроса.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.