Узбекистанскиот милијардер, Алишер Усманов понудил 1,1 милијарди евра за две третини од акциите на Арсенал, но доминантниот сопственик на “тобџиите“, Стен Кренкеа, ја одбил понудата.
Усманов во своја сопственост има 30 проценти од капиталот на Арсенал и веќе неколку години безуспешно се обидува да ја преземе контролата на тимот од северен Лондон од Кренке кој поседува 62,89 % од акциите.
Според англиските медиуми, Кренке кој во своја сопственост го има и НФЛ тимот Лос Анџелес Ремс и МЛБ екипата Колорадо Рапид, официјално се уште не одговорил на понудата од Усманов. Но, америкланскиот милијардер веќе најавил дека нема намера да никому да го продаде Арсенал и дека не го интересираат потенцијалните понуди.
Од друга страна, 60-годишниот Узбекистанец е најгласен критичар на менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер, кој во една прилика изјави дека ќе поднесе оставка ако Усманов стане мнозински сопственик во клубот.
Понудата од Асманов до Кренке доаѓа во деликатен момент за Арсенал кој може да остане без пласман во Лигата на шампионите, прв пат во последните две децении. Лошите резултати на Арсенал сезонава предизвикуваат се поголемо незадоволство кај навивачите кои бараат Венгер да си замине и сакаат клубот летово да не му понуди ново продолжување на договорот на францускиот стратег.
На едно коло пред крај на првенството во Премиер лигата, Арсенал е на петтото место со 72 бода, еден помалку од Ливерпул и три бода помналку од Манчестер Сити. За пласман во Лигата на шампионите на „тобџиите“ им треба победа во последниот дуел со Евертон, но и пораз или реми на Ливерпул од Мидлсбро или пораз на Сити од Вотфорд.
Доколку Арсенал не се пласира во Лигата на шампините за следната сеозна, ќе загуби најмалку 80 милиони евра од приходите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Германецот Лено замена за Чех на голот на Арсенал
-
Обамејанг пред потпис со Арсенал, напаѓачот им прати чудна порака на фановите
-
Нотингем Форест ја наполни мрежата на „топџиите“: Арсенал елиминиран од ФА Купот
-
Хит понуда пред утрешниот дуел: „Форд Ескорт“ за оној што ќе му даде гол на Арсенал, има и плин