Маверик Вињалес ја предводеше тројката на пилоти на Јамаха на стартните три позиции на патеката во Ле Ман, Франција.
Шпанецот ги заврши квалификациите пред својот клупски колега, Валентино Роси, а на третото место се пласираше Јохан Зарко. Потоа следуваат двете Хонди на Кајл Крачлоу и Марк Маркез, за вториот ред да биде комплетиран со Андреа Довициозо на Дукати.
Лошите временски услови и врнежите на дожд им ја отежнаа работата на возачите, кои се надеваат дека ќе наидат на подобар ден за време на утрешната трка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.