Екипата на Монако зад себе остави фантастична сезона, која синоќа беше крунисана со домашна титула по 18 години пауза, а дефинитивно оваа лето раководството на клубот ќе биде на големи маки како да ги задржи своите најдобри поединци.
Веќе подолг период се зборува за заминување на чудото од дете, Килиан Мбапе, кој е најблиску до трансфер во Реал Мадрид, а денеска францускиот медиуми откриваат дека Бернардо Силва ќе биде првиот фудбалер кој ќе го напушти „Луј Втори“. Како што пишува „Канал +“ 22-годишниот крилен фудбалер од идната сезона ќе биде нов член на Манчестер Јунајтед. Наводно договор е веќе постигнат и овие денови се чека официјализација.
Исто така, медиумот ја открива висината на овој трансфер, а таа ќе биде помеѓу 70 и 80 милиони евра, во зависност од понатамошните негови настапи како „ѓавол“. Силва оваа сезона ја одигра во голем стил, на 57 натпревари постигна 11 гола, а запиша и 12 асистенции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.