Во бизарна несреќа попладнево околу 14 часот загинал тригодишниот Бекир Хамзи од Дебар, откако додека си играл на улицата „8-ми Март“ во Дебар, врз него налетало возило марка Опел Зафира.
Според информациите кои и биле соопштени на дебарската полиција, возилото сопственост на 49 годишниот П.К од Дебар самото почнало да се движи назад. Во тој момент детето било зад него по што го прегазило. Лекарите во медицинскиот центар во Охрид не можеле да сторат ништо.
Од полицијата ја потврдуаат оваа информација и велат дека увидот се уште трае. Тој ќе треба да покажа во каква околности настанала смртта на детето. Сопственикот на возилото според првичните информации е приведен и се наоѓа во полициската станица во Дебар, пренесува Прес24.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


