Македонскиот премиер Никола Груевски денеска телефонски разговарал со новиот лидер на опозицијата Зоран Заев.
Груевски му го честитал на Заев изборот за претседател на СДСМ, му посакал здравје и мудрост и, во согласност со веќе поставената практика за средби меѓу премиерот и лидерот на најголемата опозициска партија, го поканил на состанок.
Средбата ќе се случи в четврток, во 13 часот, брифираат владини извори за „Република“.
Заев со убедливо мнозинство од делегатите на конгресот беше избран за лидер на СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


